Животен стил, За него
Следете ја есенската мода - носете елек!
Оваа есен, машките елеци од сите видови како никогаш досега се во мода.
Со падот на температурите и заладувањето, елеците покрај што придонесуваат да се одржи температурата на телото, значи се препорачливи за здравјето, тие исто така се и во фокусот на сите модни ревии за мажи кои се презентирани пред светската јавност од врвни модни креатори.
Правилото дека елек се носи само во комбинација со костум повеќе не важи.
Најновите модни збиднувања на мажите им даваат слобода да можат да го комбинираат елекот со секаков вид и тип на облека, почнувајќи секако најпрво од костум, па со фармерки, обични панталони, со кошули и со обични памучни маички, зависи од стилот на оној кој го носи.
Елекот може да се носи во секакви пригоди, бидејќи многу добро се вклопува со секаков вид облека.
При изборот на елек многу важно е да се внимава на соодветната големина, бидејќи преголем избран елек може визуелно да направи да изгледате многу поголеми отколку што навистина сте.
Внимавајте убаво да лежи на рамената и на грбот и најважно е во него удобно да се чувствувате.
Препорачливо е да се носи запетлан, но нагласено е последното копче да го оставите отпетлано за да не се добие т.н. „келнерски” изглед.
Најдобро е материјалот од кој ќе биде направен елекот да е во склад со годишното време во кое ќе го носите, па така за овие ладни есенски денови се препорачува да е носи елек изработен од памук, твид, чоја, а за топлите денови тоа да биде некој послаб и полесен материјал.
Бојата на елекот најдобро е да биде спротивна од пантолоните или фармерките, за да се добие повпечатлив и помодерен изглед.
Оваа есен машката мода е во знакот на елекот, па затоа доколку до сега не сте имале навика да носите елек, време е да си набавите еден или повеќе со цел да бидете во чекор со новите модни трендови.
Додади коментар