Позитива, Статии

Следете ги вашите соништа

08 јули, 11:29

„Колку повеќе човекот се приближува до сонот, толку повеќе Личната Легенда станува вистинска причина за постоењето”.
Пауло Коелјо-Алхемичарот

Приближувањето до нашите соништа и настојувањето да ги оствариме е пат кој води до себереализирање, будење, исполнет живот достоен за живеење.

 

Сите ние сонуваме, мечтаеме, копнееме, но за жал нашите соништа остануваат нереализирани, се сведуваат на една желба, идеја, страст, запишани длабоко во срцето и умот. Ги чувствуваме, свесни сме за нив, но нешто едноставно нè попречува да тргнеме по патот кој значи исполнување на соништата и живеење на нашата вистинска судбина.

Зошто луѓето не ги следат соништата?
Човекот уште од детството слуша дека многу нешта се невозможни и тоа сознание го носи врежано во себе.
Како расте и созрева, предрасудите и стравот се зголемуваат и во еден момент човекот не може да ги пронајде своите соништа, иако тие се постојано тука, во него.

Оние кои ќе соберат храброст да ги откопаат соништата кои ги потиснале длабоко во себе, се соочуваат со нова препрека. Љубовта е таа која ги спречува да го направат следниот чекор. Помислуваат дека следењето на сопствените соништа ќе ги повреди нивните блиски, без да помислат дека оние кои навистина нè сакаат, треба да нè охрабрат и поддржат, па дури и да нè следат на патот кон нашите соништа.

Најхрабрите ја надминуваат и оваа препрека, за да се соочат со наредната –стравот од пораз и неуспех.
Патот до среќата и исполнувањето на соништата воопшто не е лесен. Секогаш ќе има падови, но човекот е суштество кое знае да падне девет, но и да се подигне десет пати.
Во тоа е тајната на животот.

Зошто да се одлучиме на пат кој води кон порази, дилеми и тешки моменти? Бидејќи на крајот на тој пат нè чекаат нашите соништа, токму тогаш започнуваме да ја живееме нашата Лична Легенда и разбираме зошто сме всушност овде, на овој свет.

Следете ги вашите соништа, тие се вистинската причина поради која сте дошле на овој свет. Но, бидете внимателни. Соништата за материјално богатство и успех од кој само вие имате полза нема да ве одведат на вистинскиот пат.

Добро размислете која е смислата на вашето постоење и храбро тргнете по патот кој води кон неа.
Ако го изберете вистинскиот пат, онаму каде до вчера имало ѕидови, утре ќе наидете на отворени врати.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2619 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус