Здравје, Природни лекови

Слез - задолжителен во домашната аптека!

09 септември, 06:21

Слезот е повеќегодишно растение кое може да достигне висина до 2 метри. 
Во природата постојат два видови на слез, бел и црн. Разликата помеѓу нив е во бојата на цветовите која може да биде бела и светло виолетова. 
Слезот има јак корен, а листовите се дебели, набрани и прекриени со мов.

Во народната медицина слезот е растение кое зазема високо место според неговата употреба и благодатите кои тоа ги има по здравјето на луѓето.

За што помага слезот? 

Помага при лечење на стомачни и цревни воспаленија, кашлица, запек, воспалено грло и уста, кожни чирови и инфекција на очите.

Како се подготвуваат лековите од слез?


Лек против воспаление на очите: во вода во која врие се ставаат неколку цветови и листови од слез. Доволно е 100 грама за 1 литар вода. Откако водата со слезот ќе зоврие, се остава малку да се олади и со чиста крпа, неколку пати во текот на денот, нежно се премачкува делот околу очите. Може и мали сунѓерчиња кои претходно се потопени во водата со слезот, да се стават директно на капаците на очите и да постојат неколку минути.
Ова е доста ефикасен лек кој се употребува млак и благодарение на кој за кратко време исчезнува инфекцијата од очите.

Со лекот кој се подготвува на ист начин може се плакне и грлото. Неколку пати во текот на денот се прави гаргара, која успешно лечи воспаленија на устата и непцата, а кога лекот се применува локално, ги лечи и кожните чирови.


Слезов сок против запек: кратко се вари еден лист од слез во малку вода и потоа се пасира. Се зема една лажица свежо подготвен слезов сок, сок од еден лимон, една белка и една чаша зовриена вода. Смесата се остава да постои десетина минути и потоа се цеди. Сокот се пие топол на празен стомак.


Крема за убавина: во сад се ставаат три лажици ситно исечкан свеж слез и четири лажици путер. Садот се става на оган да врие додека не испари водата. Она што ќе остане во садот се цеди преку меко платно. Добиената крема се става во помал сад и се остава да се стврдне. Секоја вечер, на претходно исчистено лице се нанесува од кремот кој претставува одлично средство против појава на брчки.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3368 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус