Позитива, Поучни приказни

Слушни го гласот на тишината

18 јуни, 17:45

Еден фармер додека работел во шталата забележал дека го нема часовникот на неговата рака. Иако не бил скапоцен, за него имал големо сентиментално значење.

Долго го барал низ сеното, но не успеал да го најде. Не можејќи сам, ги повикал и децата кои си играле пред шталата, ветувајќи им награда, ако го најдат.

Заедно продолжиле со барање, но, никако не успеале да го пронајдат. 

Фармерот не можејќи да го најде се разочарал и престанал да го бара. Тогаш едно од момчињата му се приближило и го замолило да му дозволи уште еднаш да погледне. Зошто да се спротивстави кога и така не губи ништо, фармерот му дал уште една шанса. 

Додека сите биле пред шталата, момчето се вратило назад и продолжило да го бара. За кратко време излегло со часовникот в рака. 

Фармерот среќен го прашал: „Како успеа да го најдеш?“

„Не направив ништо посебно, само седнав на подот и чекав да слушнам од каде доаѓа звукот на отчукувањето на часовникот. Погледнав во таа насока и го најдов.“ - одговорило момчето.

Запомни: Мирниот ум подобро работи од изморениот. Дај му на твојот ум неколку минути тишина во текот на денот и ќе забележиш колку ќе ти помогне. Душата секогаш знае што да направи за да се излечи. Но, треба да се замолчи умот!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2574 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

11 август

11 август

Во 1999 година настанало потполно затемнување на Сонцето какво во Британија не било видено од 1927, а во Европа од 1990 година.

© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус