Убава наша, Репортажи

Смоларски водопад

20 декември, 10:33

 

 

 

 

 

 

Над селото Смоларе, во општината Ново Село, Струмичко, на надморска висина од 630 метри, скриен длабоко во северните падини на планината Беласица, помеѓу столетните букови дрвја, во долниот тек на Смоларска река, се наоѓа Смоларскиот водопад.

Овој водопад е единствениот постојан и највисок водопад во нашата земја, чиј пад на водата е од 39,5 метри.
Водата, од врвот на водопадот па сe до дното на џиновскиот лонец, широк 11 метри, а длабок од 0,5 до 0,7 метри, паѓа по мазна карпа, притоа ослободувајќи освежителна пареа која доаѓа сe до платформата од каде може да се набљудува.

Од Смоларе до водопадот се стигнува по тесен земјен пат кој е убаво означен и безбеден и кој минува низ природа и зеленило какво што нема на ниедно друго место.

Природата не се штедела во овој предел од Македонија, ја распрострала својата убавина, овозможувајќи ни неповторлива глетка вредна за паметење.

Посетата на Смоларскиот водопад е вистинско уживање во неповторливата глетка и во недопрената убавина.

Маѓијата од убавината која го одзема здивот повторно ги навраќа оние кои еднаш го посетиле. 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 8340 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Септември

18 Септември

Во 1961 година е роден Џејмс Гандолфини, американски актер. Џејмс Гансолфини или познат како Тони Сопрано, по својата улога во телевизиската серија „Сопранови“.

© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус