Сникерс – задоволство кое мора да се проба

03 септември, 06:11

 

 

 

 

 

 

Состојки:

Кора:

  • 10 белки 
  • 10 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 1 лажица какао
  • 1 прашок за пециво
  • 200 гр мелени печени кикирики
  • 1 лажица масло


Фил:

  • 1 маргарин
  • 250 гр шеќер во прав
  • 10 жолчки
  • 100 мл вода
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр чоколада
  • 400 гр мелени печени кикири

Глазура

  • 100 гр чоколада
  • 10 лажици млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 100 гр маргарин

Подготовка:

Белките се матат со шеќерот во прав, потоа се додава брашно, какао, пециво, кикири и масло. Смесата убаво се меша и се става во плех со хартија за печење, по што се пече на 200 Целзиусови степени.

Маргарниот се разматува со шеќерот, па се додаваат и жолчките. Водата се зоврива со 200 гр шеќер и се додава чоколадата. Откако оваа смеса ќе се излади се меша со смесата од жолчки, се додаваат кикирите и се филува. 

За да ја подготвите глазурата се мешаат  чоколадата, млекото, шеќерот и маргаринот. Со оваа смеса се прелива филот.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 5180 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус