Со јога против депресија и стрес

24 јули, 01:11

Секојдневниот брз ритам на живот не ни дозволува да си посветиме доволно внимание самите на себеси.
Обврските и роковите кои треба да ги извршиме и запазиме, во нашето тело акумулираат стресови кои се рефлектираат со нервоза, раздразнетост, напнатост, страв, непотребни грижи и многу други појави кои се штетни по здравјето.
Најчесто треба нешто лошо да се случи, да настапи некоја болест, за да почнеме да мислиме на нас и на нашето здравје - нешто што секако е многу, многу погрешно, но во исто време и реално, бидејќи поголемиот број од нас се однесуваат на ваков начин.

Ако малку станеме посвесни за нас самите и за реалноста која нѐ опкружува, ако добро погледнеме околу себе со очите на вистината, ќе разбереме дека здравјето е најважно од сѐ. Ако ова го сфатиме и го разбереме како непобитен факт, тогаш ќе почнеме многу повеќе време да си посветуваме на себе, ќе почнеме да се грижиме за нашето здравје кое верувајте е од непроценлива важност. Тогаш можеби ќе почнеме да внимаваме каква храна секојдневно внесуваме, можеби ќе почнеме почесто да се шетаме на чист воздух и почесто да пешачиме, можеби ќе почнеме секојдневно по малку да вежбаме и на крај можеби ќе почнеме да практикуваме јога.

Веќе пред многу години научно е докажано дека јогата е добра за телото, за умот и за душата. Таа не само што овозможува добро физичко здравје, туку и помага за одржување на мирен ум и чиста душа.
Јогата се практикува како лек против депресијата, стресот и многу други здравствени проблеми, бидејќи научно е докажано дека нејзиното практикување допринесува за многубројни здравствени придобивки.

Во продолжение информирајте се зошто е здраво да се вежба јога и за што таа помага.

ја подобрува рамнотежата на телото
Погрешно држење на телото може да придонесе за губење на рамнотежата. Ова најчесто се случува поради недостаток на физичка активност. Болките во грбот и болките во зглобовите се показател дека на погрешен начин го држиме телото. Редовното практикување јога ќе ве ослободи од вакви проблеми.

ја подобрува циркулација на крвта
Јогата го подобрува здравјето бидејќи ја подобрува циркулацијата на крвта во телото. Јогата и техниките на дишење ја зголемуваат циркулацијата која го подобрува протокот на кислород во сите органи, а со тоа здравјето е на високо ниво.

ги намалува болките во грбот
Јогата помага да се ослободите од болките во грбот и исто така ја подобрува и флексибилноста на телото. Една од поважните здравствени предности на јогата е тоа што благодарение на неа може да се излечи артритисот.

лечи астма
Некои вежби за правилно дишење, како и некои дополнителни техники, помагаат да се излечи астмата.

го намалува покачениот крвен притисок
Хипертензијата е здравствен проблем од кој се засегнати сѐ поголем број луѓе, а јогата е таа која успешно може да се справи со овој проблем, при што крвниот притисок се доведува до некои нормални граници, се опушта целото тело и умот се ослободува од секаква непотребна напнатост.

го зајакнува срцето
Најдобрата вежба за здраво срце е јогата. Таа го спречува блокирањето на артериите, ги прочистува крвните жили и ја подобрува циркулацијата на крвта. Исто така јогата го стабилизира крвниот притисок.

го намалува стресот
Со редовно вежбање јога може засекогаш да се ослободите од стресот кој претставува еден од најчестите здравствени проблеми во денешно време.

ја олеснува бременоста
За време на бременоста јогата нуди голем број здравствени бенефиции. Таа ослободува од стрес, ја зголемува флексибилноста, ја подобрува циркулацијата на крвта, го подобрува варењето и активноста на телото цело време ја држи на едно исто, високо ниво. Таа исто така ги намалува болките во грбот, нешто што е многу честа појава кај трудниците.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2738 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус