Со печурки до здравје

15 март, 10:28

Употребувањето на печурките во исхраната е познато уште од многу одамна. 

Познати по своите карактеристични лековити својства, нивното место во исхраната зазема сѐ поголемо и поголемо место.
Луѓето кои на своето здравје посветуваат многу големо внимание, печурките многу често ги употребуваат во нивната исхрана. 

Но, се знае дека не сите печурки можат да се употребуваат во исхраната. 
Поголем дел од нив, кои ги има во отприлика 100 000 видови, се отровни.

Доколку не сте експерти за печурките, т.е. доколку добро не ги познавате видовите кои можат да се јадат, најдобро е да се консултирате со некој кој е стручен во таа област за да не погрешите во вашиот избор, бидејќи како што се зборува помеѓу луѓето кои се занимаваат со нивно одгледување и собирање, само еднаш се греши со печурките. 

Печурките кои ќе ви ги претставиме во продолжение се одделуваат и разликуваат од останатите видови по своите лековити својства, па затоа е добро, доколку сѐ уште немате почнато, да почнете да ги консумирате и да ги внесувате во вашата исхрана и како храна и како лек.

Печурката шитаке се одгледувала во Кина и Јапонија уште пред 2000 години. Јапонците ја нарекуваат печурка на долговечноста или печурка на самураите, затоа што ја консумирале императорот и неговите најблиски.
Кинезите ја нарекуваат еликсир на животот поради нејзините хранливи и стимулативни карактеристики.
Богата е со нутритиенти и со активни состојки како бета глукани, полисахариди, гликопротеини, железо, ниацин, витамини Б1 и Б2. 
Печурката шитаке има моќно антиканцерогено и антибактериско дејство, го штити црниот дроб, го намалува нивото на лошиот холестерол и помага во намалување на високиот крвен притисок.

Со печурки до здравје, So pecurki do zdravje, Шитаке печурки, Sitake pecurki, Shiitake mushrooms

 

Печурката маитаке се нарекува и танцувачка печурка (од јапонските зборови „маи” што значи танц и „таке” што значи печурка).
Се верува дека старите Јапонци танцувале од радост кога успевале да ја пронајдат во шумите. 
Овој вид на печурка е многу ценета поради хранливите и лековитите својства. Позната е по имуностимулативните, антиканцерогените и антивиралните карактеристики. 
Се препорачува да се консумира како помош при автоимуни, канцерогени и алергиски заболувања. 
Помага при контролирањето на дијабетесот, при рак на простата, има имуномодулторно дејство и го штити црниот дроб.

Со печурки до здравје, So pecurki do zdravje, Печурката маитаке, Pecurkata maitake, maitake mushrooms

 

Печурката реиши се нарекува уште и „крал на хербалната медицина”. 
Нејзината употреба го зајакнува имуниот систем, има антиоксидантно, антитумурно, аналгетско, антивоспалително и антиалергено дејство. 
Ја подобрува работата на срцевиот мускул, го намалува холестеролот и високиот крвен притисок.
Оваа печурка ја помага превенцијата и заштитата од бронхитис и ја стимулира регенерацијата на бронхијалниот епител.

Со печурки до здравје, So pecurki do zdravje, Печурката реиши, Pecurkata reisi, reishi mushrooms


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 10872 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус