Со правилна храна подобрете ја работната способност на мозокот

01 март, 00:16

Секојдневно над 100 милијарди нервни клетки се „залагаат” неуморно во нашата глава. Секоја од нив се поврзува со над 10 илјада други клетки со помош на соединенија и пренесувачи. На тој начин во секоја секунда во човечкото тело се извршува размена на милиони соопштенија. За да се изврши успешна размена на информациите, за тие да можат да се извршуваат безусловно, сивата материја на човекот има потреба од големо количество енергија. 
Иако мозокот е само 2 - 3% од општата тежина на човековото тело, секој ден троши 20% од енергијата добиена преку храната. 
Видот и количеството на храна ја определува и работната способност на нашиот мозок, па така некои од продуктите кои секојдневно ги консумираме не прават интелигентни, други пак не ни дозволуваат да мислиме брзо и да се сконцентрираме, трети влијаат на нашата тежина и.т.н.

Во продолжение на статијата информирајте се што добиваме од состојките кои ги консумираме, на што точно влијаат врз нашиот организам и колку често треба да ги консумираме.

моркови
Го подобруваат помнењето. Особено се корисни ако треба да се учат текстови напамет, затоа што ја активираат размената на материи во мозокот. 
Затоа пред да почнете да учите зборови на туѓ јазик, изедете мала чинија салата со моркови зачинета со растително масло. 
Морковите вака подготвени можат да им се даваат и на помали дечиња кои непрекинато треба да учат песнички напамет.

ананас
Омилениот плод на филмските и на театарските ѕвезди. Тие што треба да учат напамет премногу долги текстови имаат потреба од голема количина витамин Ц. Освен тоа ананасот го содржи важниот микроелемент манган. 
Да не зборуваме дека плодот е со ниско ниво на калории. На пример во 100 гр. ананас има само 56 калории. 
Докторите специјалисти препорачуваат секој ден да се пие една чаша свежо исцеден сок од ананас. Тоа количество е доволно за да се зајакне одбранбениот систем на организмот.

пиперки
Колку полути, толку подобри. Ароматичните материи кои ги има во пиперките придонесуваат за посилно одделување на хормонот на среќата, т.е. за одделување на поголемо количество на ендорфин во организмот. 
Најдобро е пиперките да се јадат свежи, а може и во салата.

јагоди
Наречени се уште и плод на менаџерите. 
Исклучително вкусни го намалуваат стресот. 
Убавото чувство кое се јавува кај луѓето откако ќе изедат неколку јагоди се должи на пектинот кој го има во нив. 
Се препорачува да се јадат дневно по 150 гр. јагоди.

банани
Нивната тајна се крие во серотинот - материја која му е неопходна на нашиот мозок за да можеме да чувствуваме задоволство и среќа. 
Бананите содржат и голем број на витамини и калциум кои исто така му се неопходни на човековиот организам.

зелка
Ја намалува нервозата. Во принцип зелката ја намалува активноста на штитната жлезда и на тој начин води до намалување на нервното растројство. 
Зелката е особено корисна храна за студенти кои кога подготвуваат испити и кога одат на полагање не се толку напнати и нервозни, вака барем сведочат медицинските лица.

лимони
Освежуваат и ја зголемуваат интелигентноста. Во практика лимонот претставува ударна доза на витаминот Ц. Се препорачува дневно да се пие по една чаша свежо цеден сок од лимони.

боровинки
Идеални за грицкање при учење. Придонесуваат за снабдување на мозокот со поголемо количество крв. 
Најдобро е да се употребуваат свежи плодови. Во краен случај може и како сок само не треба да е разреден.

кромид
Се препорачува повеќе да се консумира при психички замор и при извршување на преголема физичка работа. 
Кромидот ја разредува крвта и го подобрува снабдувањето на мозокот со кислород. 
Доволно е да се јаде по половина главица на ден.

ореви
Класично средство за продолжено насочување на вниманието. Особено се корисни при читање на јавни места, конференции и концерти, а исто така и при непрекинато возење. 
Оревите ги закрепнуваат нервите и го активираат образувањето на медијатори во нервните ткива.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1795 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус