Животен стил, За неа

Со природни средства до чисто лице

18 јуни, 03:38

Лицето е огледало на секоја жена, па затоа повеќето жени водат голема грижа за изгледот на нивните лица. Секојдневно ги негуваат и ги чистат.

Треба да се напомени дека секојдневната употреба на средства за отстранување на шминка можат да бидат штетни и можат сериозно да им наштетат на кожата на лицето.
Хемикалиите кои ги има во нивниот состав можат да ја иритираат кожата, да направат на неа да се појави црвенило и чешање, да го оштетат најгорниот слој па да почне кожата да се лупи.

Тргнувајќи од тие непосакувани проблеми кои можат да се појават, ве советуваме како сите тие вештачки креми да ги замените со природни состојки кои ги имате во вашата кујна. 

Природните смеси се многу лесни за подготовка и нема да ви одземат многу време.

Па да почнеме.

Млеко и јогурт

Млекото длабински навлегува во кожата и беспрекорно ја чисти. 
Доколку имате осетлива кожа или мрсна кожа, најдобро е за отстранување на шминка да почнете да користите млеко во кое можете да додадете неколку капки бадемово, кокосово или маслиново масло.
Покрај млекото, ист ефект ќе постигнете ако употребувате и јогурт, во кој можете исто така да додадете неколку капки од некое ароматично масло. Јогуртот на кожата ќе и даде еластичност и сјај и беспрекорно ќе ги отстрани и последните траги од шминка.


Краставица

Богата е со минералот силициум кој го јакне ткивото на кожата. 
Исто така минералите од краставицата го поттикнуваат лачењето на колагенот и го забавуваат процесот на стареење. 
Комбинацијата на краставица и млеко е успешна комбинација за отстранување на шминка.

Како се прави тоник од краставица и млеко?

Во блендер измиксирајте една краставица, постепено додавајте половина шолја млеко и продолжете да миксирате. Смесата ставете ја во сад и варете ја околу 10 минути. Откако смесата убаво ќе се излади, употребувајте ја како средство за отстранување на шминката.


Масло

Маслиновото масло се покажа како средство кое успешно го чисти лицето од шминка.
Сунѓерчето за чистење на лице натопете го во смеса од маслиново и рицинусово масло, кои треба да бидат во однос 1:1 и со него поминете по целата површина на лицето. 
Оваа комбинација одговара за сите типови кожа, особено за мрсна кожа.


Искористете сѐ што природата ни дава. 
Гледајте колку што можете повеќе да ги избегнувате вештачки добиените маски, тоници за лице и креми. Наместо нив употребете нешто што е природно и за кое сте сигурни дека нема да ви наштети во никој случај. 
Природата се ни дава на чинија, ние треба само да го направиме вистинскиот и правилен избор!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 6972 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус