Здравје, Природни лекови

Со смокви до подобра крвна слика

05 мај, 11:02

Многу добро е познато дека овошјето и зеленчукот се пријатели и природни лекари на нашиот организам.
Но ние многу често тоа го забораваме, сé додека не дојде одреден период кога имаме потреба од некакво лечење, па дури тогаш почнуваме да размислуваме за природните начини на лечење.
Без разлика дали станува збор за заштита од некои болести, или пак смоквите ги користиме како природен лек во борбата против некое заболување, треба да се напомени дека се од исклучителна важност за нашиот организам.
Најголема улога играат во подобрувањето на крвната слика, особено го подобруваат железото.
Доколку во денот конзумирате само четири суви смокви, добивате една четвртина од препорачаната дневна доза на железо кое многу му е потребно на нашиот организам.
Сувите смокви надалеку се познати по своите благодати, изобилуваат со минерали, со бакар, цинк, селен, магнезиум, калциум, калиум ...
Содржат и есенцијални омега 3 и омега 6 масни киселини кои многу поволно влијаат на холестеролот во крвта.
За да добиете најдобри резултати во подобрувањето на крвната слика, препорачливо е смоквите да се сварат како компот, или да се конзумираат суви во комбинација со свежо исцеден сок од портокал кој изобилува со витамин Ц и во многу голема мера го подобрува  железото во крвта.
Без разлика дали имате некаков здравствен проблем или не, ви препорачуваме колку што можете повеќе да конзумирате смокви.
Верувајте, смоквите се чувари на нашето здравје.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5907 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус