Здравје, Здрави навики

Со сокови до камчиња во бубрезите

13 јуни, 06:44

Знаеме дека во овој период од годината, кога температурите се повисоки, потребно е да внесуваме и поголемо количество на течности во организмот.

Најдобро е, како што повеќе пати имаме спомнато во нашите статии, да се внесуваат два до три литри вода дневно.

Сѐ она што како дополнителна течност се внесува во организмот, (тука пред сѐ се мисли на незасладен чај или кафе) и дополнително позитивно му делува и воедно му помага побрзо и полесно да се ослободи од наталожените отрови кои се внесуваат преку храната.

Мислењата дека вештачки засладените сокови се здрави и немаат никакви негативни последици по здравјето на луѓето се погрешни.

Соковите во никој случај не можат да го заменат влијанието на водата врз организмот.

Водата покрај што го прочистува организмот, исто така и го спречува настанувањето на камчиња во бубрезите. 
Колку поголема количина на вода се пие во текот на денот, толку се помали и шансите за појава на камчиња. 

Соковите ја имаат токму таа функција, тие се едни од предизвикувачите на непосакуваните камчиња во бубрезите.

Правени се доста голем број на истражувања во оваа област и резултатите го покажале токму она во кое се сомневале истражувачите. Доволно е одреден период да се консумира само по една чаша дневно вештачки засладен сок, за да се појават камчиња во бубрезите, кои потоа е многу тешко да се отстранат или исфрлат од организмот.

Вештачки засладените сокови, како што се газираните и густите сокови, кои во својот состав содржат штетни конзерванси, многу шеќер и штетни емулгатори, ја имаат таа способност за многу кратко време, доколку се консумираат многу често, да создадат ситни камчиња во бубрезите.

Во текот на топлите денови кои ни претстојат, избегнувајте ги овие штетни сокови колку што можете повеќе. Покрај тоа што не можат да ја изгаснат жедта, знаеме веќе дека соковите се и штетни по здравјето, па затоа наместо нив пијте вода во неограничени количини и истовремено грижете се за вашето здравје. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2510 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус