Занимливост, Интересно
Древна традиција на собирање мед
Во пештера во Шпанија е пронајден цртеж кој датира од пред 8 000 години, а на кој е преставен лов на мед.
Оваа древна традиција на собирање мед во некои делови од светот се задржала и до денес, па во Непал сè уште се собира мед на начинот на кој тоа се правело пред 8 000 години.
Племето Гурунг е познато по своите ловци на мед кои се искачуваат високо на планините за да го соберат медот од најголемата пчела на светот (достигнува должина до 3 см.).
Овие храбри луѓе најпрво палат оган за чадот да ги избрка пчелите, потоа се искачуваат високо по планината користејќи примитивна опрема, ги земаат питите со мед и ги носат до кошниците со кои ги спуштаат на земја.
Медот добиен од оваа пчела е многу силен и достигнува висока цена во Јапонија, Кина и Кореја.
Додади коментар