Животен стил, Живеј квалитетно
Социјални реклами кои ќе ви покажат какви сме
Додека најголем дел од човештвото си го живее животот без многу да размислува, некои поединци се обидуваат да ја подигнат свеста за тоа какви сме ние луѓето и кои се последиците од нашиот начин на живот.
Социјалните реклами имаат токму таква цел – да ни покажат како се однесуваме кон природата, кон послабите и немоќните, кон оние кои немаат право на глас.
Овој пат издвоивме интересни социјални реклами кои ќе ви откријат некои факти и можеби ќе ве поттикнат на размислување.
Авторите на овие реклами, во соработка со невладината организација позната како Светски фонд за природата, застанале во одбрана на животните, особено на видовите на кои им се заканува исчезнување.
Можеби следните фотографии ќе променат нешто во вашиот поглед на светот и односот кон природата и животните, или пак набрзина ќе ги погледнете сметајќи дека не треба да се грижите за нешта кои не ве засегаат.
Човекот секогаш има избор, но што е со оние кои немаат? Природата и животните се дел од светот во кој живееме, немаат избор ни право на глас, но дали тоа ни дава за право постојано да ги уништуваме?
Секои 60 секунди изумира некој вид. Секоја минута е важна
Замисли дека е твое дете
Што ѝ правиме на нашата планета?
Помогнете ни во борбата против тестирањето на козметиката врз животните
Пластичните ќеси убиваат
Што е потребно за да почнеме да ја почитуваме природата?
Спасете го носорогот – Што и да направиме нема да можеме да ги вратиме исчезнатите видови
Додади коментар