Шолја чај

16 декември, 13:53

Нан - ин бил познат јапонски учител кој ги учел луѓето на духовност. 
Секој кој сакал да си го подобри животот во сите можни аспекти доаѓал кај него и после неколкуте одржани часови, среќен и задоволен си заминувал.

Еден ден кај учителот дошол некој познат универзитетски професор кој сакал да научи колку што е можно повеќе техники, за да биде посмирен и посреќен. 
За време на посетата, учителот Нан - ин го послужил професорот со чај. 
Шојлата во која ставал чај ја наполнил до врвот и потоа без да запри, продолжил уште да става чај во веќе полната шолја.
Професорот гледал како чајот се прелева од шолјата и не можејќи да се воздржи на крајот му се обратил на учителот:

„Но чајот веќе се прелива од шолјата. Во неа не бери повеќе чај.”

„Исто како и со оваа шолја” - рекол учителот Нин - ин, „така и ти си полн со своите убедувања и размислувања. Како сакаш да ти покажам и да те научам на техники за смирување и опуштање ако твојата шолја е веќе полна. Треба претходно да ја испразниш сопствената шолја ако сакаш во неа да ставаш нови повредни и подобри работи.” 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2141 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус