Позитива, Поучни приказни

Сопствениот проблем е најстрашен

04 ноември, 01:32

Високо на Хималаите, далеку од луѓето, живеел некој познат мудрец по име Грегориј.

Грегориј одбрал да живее едноставен живот и поголемиот дел од неговото слободно време го поминувал медитирајќи.

Луѓе од сите делови на светот доаѓале кај него и барале совет како да ги решат нивните проблеми.

Еден ден кај него се собрала поголема група луѓе. Луѓето меѓусебно непрекинато се расправале бидејќи секој од нив мислел дека токму неговиот проблем е најголем, па поради тоа мислел дека токму тој треба прв да влезе кај мудрецот.

Грегориј на почетокот некое време ги набљудувал луѓето, а потоа силно извикал: „Тишина”. 

Кога сите се смириле им наредил да седнат во круг. На сите им дал по еден лист хартија и молив и побарал од сите на хартијата да го запишат проблемот кој го имале и поради кој дошле дури до кај него, потоа да го превиткаат листот неколкупати и да го стават во корпата која тој ја поставил на средина во кругот.

Кога сите ја завршиле задачата, им рекол на секој од нив да извлече по еден лист од корпата, да го прочита проблемот кој бил напишан на него и самиот да донесе одлука, дали сака да го реши проблемот кој бил запишан на листот од некој од присутните, или да го реши својот проблем.

Луѓето, читајќи ги проблемите на другите луѓе, се запрепастувале. Ниту еден од нив не можел да замисли и не бил свесен дека другите луѓе имаат многу страшни проблеми, далеку пострашни од оние за кои тие мислеле дека се најстрашни.

На крајот секој од присутните заклучил дека сепак сопствениот проблем е полесен за решавање отколку проблемите на другите и така секој самиот успешно си го решил својот сопствен проблем, без ни трошка помош од мудрецот Грегориј.   


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2343 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус