Животен стил, Кујна, Рецепти

Сосови од лук

15 ноември, 11:15

 

 

 

 

 

 

Најздрави начини за конзумирање на лук и начини на кои најдобро одговара со суров зеленчук се следните сосови:

СОС  ОД  ЛУК

2 шолји варен слануток (може и од конзерва)
1 лажица свежо исцеден сок од лимон
3 чешниња лук, ситно исечкани
¼ шолја зеленчукова или пилешка супа
3 лажици ладно цедено маслиново масло
морска сол и
црн бибер по желба .  

Приготвувањето е многу брзо и лесно. Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат, а добиениот сос се служи со стапчиња морков, целер или друг сиров зеленчук.

 

ПИКАНТЕН СОС СО ЛУК И АВОКАДО                        

Состојките се миксираат сè додека не се добие мазна маса или можете сите состојки ситно да ги исечкате и да ги соедините со пирето од авокадо.

2 истолчени чешниња лук
пире од 2 авокада со средна големина
1 домат со средна големина
¼ исечкан црвен кромид
½ лимон свежо исцеден
½ кафена лажичка ким
црн бибер и морска сол по желба

Овој сос се служи со зеленчук или интегрален чипс.


 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 3965 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус