Здравје, Здрави навики

Состојки кои го намалуваат гладот

11 јуни, 10:56

На чекор пред летото, кога почнуваме поголемо внимание да посветуваме на изгледот на телото, ви ги претставуваме состојките со чија помош ќе го забрзате метаболизмот, состојки кои ќе ви помогнат да се намали чувството на глад и успешно и за многу кратко време ќе ги стопат масните наслаги од непосакуваните места.

Покрај редовното консумирање на овие состојки, се препорачува да се пие дневно по најмалку 2 литри вода за да се постигнат подобри и побрзи резултати.


Што е она што треба да се јаде за да се слабее без проблем?


- Јаболка - било кое овошје или зеленчук кои се богати со вода и растителни влакна даваат чувство на ситост.
Јаболкото е едно од овошјата кое треба редовно да се консумира, ако се сака да се внимава на тежината.
Откако ќе се внесе во организмот, јаболкото го произведува хормонот GLP - 1, кој на мозокот му праќа информации дека организмот е сит.


- Лимони - пектинот кој се наоѓа во лимонот, помага за топење на масните наслаги на тој начин што сите масти кои се внесени во организмот ги носи и ги преработува во желудникот.
Лимонската киселина и пектинот го намалуваат апсорбирањето и таложењето на шеќерот во организмот после секој оброк.
Затоа е добро да се пие свежо исцеден сок од лимон или да се јаде како свежо овошје.


- Црвени пиперки - почнете секојдневно во исхраната да внесувате црвена пиперка, пробајте да ја комбинирате со секоја храна која ја внесувате и резултатите кои ќе ги добиете за кратко време ќе ве изненадат.
Се докажа дека црвената пиперка е најдобар борец против апетитот, па затоа јадете ја колку што можете повеќе.


- Морски алги помеѓу оброците - морските алги се богати со диетални влакна кои доколку редовно се консумираат, за цели 30% го намалуваат гладот.
Доколку ви дозволуваат условите, денот нека ви започне со морски алги, или консумирајте ги помеѓу оброците за да слабеете без проблеми.


- Зелен чај -  изобилството на зелениот чај со катехин, состојка која доведува до брзо согорување на мастите, го прави овој чај еден од најчесто консумираните чаеви, кои дури за 40% побрзо ги согорува наталожените и непосакувани масти.
Затоа најдобро е секојдневно да се пие по три шолји незасладен зелен чај.


Водете сметка за тоа што јадете секојдневно, пијте многу вода и слабејте без проблем.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2702 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус