Здравје, Природни лекови

Состојки за здрави очи и одличен вид

17 јуни, 17:23

Грижата за очите и за видот е многу важна, исто како што и секоја друга грижа е важна кога станува збор за здравјето.

Навремено превземените мерки за зачувување на видот, даваат извонредни резултати.

Колку повеќе внимание посветуваме на очите и на видот, толку повеќе ги намалуваме можностите за појава на дегенеративни промени.

Со внесувањето на А, Ц и Е витамините, како и цинк, лутен, бета каротин и омега 3 масните киселини, превентивно се делува на видот и на очите.
Кога се спомнуваат овие витамини и минерали не се мисли на таблети кои ги содржат нив и кои треба да се земаат, туку се мисли на храна која изобилува со нив.

Кои состојки и продукти ги содржат токму овие витамини и минерали?

Состојки за здрави очи и одличен вид,  sostojki za zdravi oci i odlicen vid, kikiri, кикири

1. Кикири - поради изобилството со витамин Е и омега 3 масни киселини, кикирите се едни од задолжителните состојки за лицата кои имаат некаков проблем со очите и видот. 
Личностите кои имаат намалено ниво на омега 3 масните киселини, најверојатно и веќе имаат некакви очни болести. 
Како резултат на намаленото ниво може да се појави дијабетична ретинопатија, како и оштетување на крвните садови на мрежницата на окото, состојби кои понатаму може да доведат до слепило.
За да се избегнат овие непосакувани појави грицкајте повеќе кикири.


Состојки за здрави очи и одличен вид,  sostojki za zdravi oci i odlicen vid, sok od portokal, сок од портокал

2. Сок од портокал - витаминот Ц кој во огромни количини се наоѓа во портокалот, многу благотворно влијае врз здравјето на очите.
Доволно е да се земаат 500 мг. дневно за да се зачува видот и острината на очите. 
Овој сок го подобрува очниот притисок и ја намалува шансата за заболување од катаракта. 
За да имате здрави очи, нека ви стане навика дневно да консумирате по една или две шолји свежо цеден сок од портокал.


Состојки за здрави очи и одличен вид,  sostojki za zdravi oci i odlicen vid, школки, skolki

3. Школки - изобилуваат со цинк - минерал кој е неопходно да се внесува во организмот доколку се сака да се има здрави очи.
Препорачана дневна доза на цинк е од 40 до 80 грама, а 6 школки содржат 76,3 мг. цинк, количина која ги задоволува секојдневните потреби. 
Цинкот му овозможува на витаминот А во доволни количини да го произведува пигментот меланин кој ги штити очите и го подобрува гледањето во темница. 
Цинкот исто така може да се најде и во говедското месо, гравот и оревите, но во нив го има во многу помали количини за разлика од школките.


Состојки за здрави очи и одличен вид,  sostojki za zdravi oci i odlicen vid, kelj, кељ

4. Кељ - исто како и останатите видови на зелен лиснат зеленчук, кељот е богат со антиоксиданси кои ги штитат очите од слободните радикали.
​Овие видови на зеленчук ја зголемуваат густината на пигментот во делот на мрежницата, која ни овозможува подобро да можеме да читаме и секако да гледаме, па затоа лиснатиот зеленчук нека стане неизоставен дел од вашето дневно мени.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 6386 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус