Совети за добар сон

06 ноември, 02:16

Ноќта е создадена за да се спие и да се одмори телото од изминатиот напорен ден.

Но дали сите успеваме убаво да се наспиеме и наредното утро да се пробудиме наспани, свежи и полни со енергија? Или одвај се будиме и не можеме да се „одлепиме” од креветот затоа што чувствуваме дека не сме доволно наспани.

Несоницата е таа која е заслужна за неквалитетното и недоволно спиење. 

Ако по цела вечер се вртите во креветот, сте нервозни и напнати, тогаш е време да поработите на себе си за да го подобрите спиењето.

Што е она што не е препорачливо да се прави непосредно пред да се оди на спиење?

Прочитајте ги нашите совети и имајте ги секогаш на ум кога планирате да одите на спиење.


  • никако пред спиење немојте да правите топла купка, затоа што за да може телото побрзо и подобро да заспие, потребно е природно да се олади.
    Сите сме сведоци дека пред заспивање, во моментот кога ни доаѓа првата најслатка дремка, ни заладува и бараме нешто за да се покриеме. Тоа природно заладување нема да се појави ако пред спиење одлучите да се туширате со топла вода, или одлучите да се одморите и релаксирате во када полна со топла вода. Најдобро е тоа да го направите најмалку еден час пред да одите на спиење.

  • читањето води до побрзо и полесно заспивање. Изреката „Ако не можеш да заспиеш читај книга” е во ред, но многу е важно што ќе одберете да читате. Возбудливите романи со криминалистичка тематика нема да ви дозволат многу лесно и брзо да заспиете, наместо нив одберете да читате некои поедноставни и полесно разбирливи книги кои ќе го опуштат телото и побрзо ќе го доведат во фаза на сон.

  • најмалку половина час пред легнување не се препорачува да се употребува компјутер, мобилен телефон или лап топ. Светлината која зрачи од овие уреди го пореметува нормалниот биоритам, а воедно го пореметува и сонот. 

  • заблуда е дека со помош на гледање телевизија, полесно и побрзо се заспива. Ако легнете и одлучите да гледате телевизија со цел да ви се приспие, она што ќе го гледате непосредно пред заспивањето, ќе одигра многу голема улога врз сонот и неговиот квалитет, па како резултат на тоа гледање телевизија, наредниот ден може сосема да бидете исцрпени и без енергија.

  • консумирањето на вино непосредно пред спиењето го одлага сонот и лесното заспивање. Иако е здраво да се пие и изгледа примамливо, виното може само да ве раздразни и да ве расони, а со тоа и заспивањето ќе стане недостижно.
    ​Наместо вино за подобар и полесен сон се препорачува да се пие по една чаша млако млеко.

  • внесувањето на храна во организмот пред спиење го одлага сонот и заспивањето за неколку часа. Ако се јаде доцна во ноќта, организмот наместо да се смири и органите наместо да се спремаат за сон, ќе треба да работат и да ја преработуваат внесената храна. Тоа варење на храната создава тешкотии и неможност за лесно и брзо заспивање, па поради тоа најдобро е да се легне да се спие со празен стомак.

автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3225 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус