Совети

Индекс во Word

22 април, 07:14

Изработувањето на Индекс во Word (од искуство) може да биде многу макотрпна работа. Можете да користите три начини коишто не нудат олеснувања, туку прецизност во изработката. 

Пред да се одлучите за кој било начин, размислете што сè ќе вклучите во индексот: 

- сите појавувања на поимите/имињата;
- само релевантните појавувања на поимот (дефиниции, историја на поимот и сл.);
- дали ќе содржи потпоими.

Опцијата Mark Entry

Оваа опција можете да ја користите за помали документи или за мал индекс.

1. Најпрво означете го зборот или фразата што сакате да се појавува во индексот. 
2. Од менито References изберете Index и Mark Entry. 
3. Во дијалогот можете да изберете да се означи само едно појавување или сите појавувања на овој збор. Не заборавајте дека треба истата постапка да ја повторите за сите варијанти на зборот. И избегнете да ја користите опцијата Mark all, освен ако индексот треба да ги вклучува сите појавувања на зборот.
4. Повторете ја постапката од чекор 1 – 3 за сите ставки од индексот.

Опцијата Automark

За да ја употребите оваа опција најпрво треба да имате листа на ставките за индексот.
1. Креирајте одделен документ со сите ставки за индексот. 
(Запомнете, овие команди се case sensitive, ова значи дека појавувањето на зборот со мали и големи букви ќе бидат внесени во индексот како различни ставки).
2. Изберете Insert Index.
3. Кликнете го копчето Automark.
4. Изберете го документот што претходно го креиравте.
5. Потоа, повторно кликнете Insert Index.

Опцијата Automark со concordance.doc датотека

Иако погоре кажавме дека Automark командата и не е толку добра идеја, заедно со оваа датотека е совршен спој за прецизно креирање на Индекс.

Предноста на овој метод е што:
- Сами можете да ја креирате датотеката.
- Се внесуваат делови од реченици, со што се избегнуваат удвојување на ставките и означување на нерелевантни појавувања на зборовите.
 
Во табелата од Concordance.doc  датотеката, во првата колона внесувате дел од реченицата во којашто се наоѓа поимот (некогаш може да има иста варијанта на поим, а речениците да бидат слични).
Во втората табела ја внесувате основната варијанта на поимот (како што сакате да биде прикажан во Индексот). Всушност,во оваа колона, откако ќе ги внесете сите реченици каде што се појавува еден поим, само ги селектирате бројот на ќелии и со командата Ctrl+V го вметнувате поимот.

Иако и оваа постапка, исто како и другите ќе ви одземе време, барем можете да бидете сигурни дека времето ќе го потрошите ефикасно и ефективно.

Од овој линк можете да ја преземете Concordance.doc  датотеката.

Понекогаш, дури и кога ги користите опциите Automark или Mark entry, сепак се случува самиот Word да изостави некои страници или пак да заборавите на некоја варијанта на поимот.

Затоа, за да бидете сигурни дека индексот ги содржи сите поими/имиња, користете Concordance.doc датотека.


автор: Obednikovska Mirjana

Оваа вест е прочитана 2072 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус