Совети

Револуционерна алатка со која сами ќе си креирате сајт

15 јуни, 09:18

Потребен ви е веб сајт? Сакате да добиете нешто квалитетно, а да не ве чини многу? Или пак имате желба и трпение сами да креирате свој сајт, но немате никакви познавања од програмирање и HTML?

Револуционерната алатка Asidus WebWizard е сè што ви треба за да креирате веб сајт. Креаторите ја усовршиле алатката до тој степен што не ви се потребни никакви предзнаења за да го креирате својот веб сајт. Сè што ви треба е малку трпение, добра волја и креативност.

Asidus WebWizard е еден од производите на Асидус, софтверска компанија која веќе 6 години нуди интернет решенија за компании од целиот свет.

Креативниот тим на компанијата поставил многу високи стандарди на квалитет, во што и самите се уверивме откако одлучивме изработката на Мој Портал да им ја довериме токму на експертите од Асидус.

Демо верзијата на Asidus WebWizard е одлична можност да се обидете сами да си направите сајт, да го проучите „волшебникот” и да ја разбудите својата креативност.

Обидете се, експериментирајте и уживајте во резултатите од вашиот труд.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1416 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус