Совети

Разлика меѓу веб сајт и веб портал

06 април, 11:50

За оние кои подобро се навлезени во областа на информатичката технологија, работите за кои ќе пишувам во продолжение се смешни. Ве потсетувам дека не сите сме подеднакво образовани за секое поле во науката. Се надевам дека оваа статија ќе стигне до оние на кои им е потребна.

Како ќе изгледа нивниот опис на нештата? Исто како првото упатство кое го пишував јас: „Кликни на црвената рамка за да можеш да ја уредуваш страницата”. Всушност, таа црвена рамка ги означувала границите на објектот над кој стоиш со покажувачот и тоа нема допирна точка со било која операција.

Кога пребарувате на Интернет, можете да посетите:

  • Веб страна
  • Веб сајт
  • Веб портал
  • Веб блог
  • Интернет продавница

Тука го прекинувам набројувањето бидејќи ова се петте поими кои сакам да ги разјасниме.

Што е веб страна?
Веб страна или на англиски web page е документ во кој се содржани информации погодни за прелистување преку веб прелистувач. Најчесто веб страната е во HTML или XHTML формат и во себе содржи хиперврски со други документи.
http://asidus.com.mk/za_nas.html е веб страна.

Што е веб сајт?
Веб сајт или на англиски web site претставува збир од веб страни на ист домен. Или ако го земеме примерот од претходно: веб страната За нас (http://asidus.com.mk/za_nas.html) и сите други веб страни од истиот домен: Почетна, Портфолио, Производи, Услуги и Контакт заедно сочинуваат еден веб сајт чиј домен (адреса) гласи: http://asidus.com.mk.

Што е веб портал?
Веб порталот е вид на веб страна која содржи повеќе информации, апликации и линкови кои водат до други веб страни. Линковите најчесто се класифицирани по категории, како би се олеснило пребарувањето по порталот.
Веб портал е и Мој Портал (http://mojportal.mk/). Со кликнување на било која вест или текст означен со линк од почетната страна на порталот, тој ве носи на друга веб страна. Така на пример, ако го изберете менито Здравје, на вашиот екран ќе се отвори нова страна, и тоа: http://mojportal.mk/cat/zdravje.

Што е веб блог?
Блогот е интернет простор на кој се објавуваат датумски определени содржини кои се прикажуваат во обратен хронолошки редослед (најновиот најгоре). Најчесто е дело на поединец или мала група која е тематски определена за еден предмет.
Блогот на Нешо за готвење (http://nesoandboecookingblog.wordpress.com/) е добар пример.

Што е Интернет продавница?
Интернет продавницата претставува веб страна која има он-лајн каталог преку кој во секое време се овозможува нарачка и плаќање на производи.
http://alfaelektronik.mk/ e Интернет продавница која овозможува нарачка и плаќање на производите преку Интернет.

Кратко, но корисно.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6837 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус