Совети
Repeat на Youtube?!!!
24 ноември, 05:44
Вчера, како и многу пати претходно, наидов на песна која би ја слушала цел ден, но за жал, веќе по 10-от пат ми се смачи да кликам Play.
А како што е познато, мрзата е предводник на сите технолошки напредоци. Па, решив малку да расчепкам на Интернет и да видам дали има крај на ова досадна и омразена активност .
По разгледувањето на безброј линкови со совети која скрипта да ја инсталирам на пребарувачот, конечно наидов на наједноставното решение од само 3 чекори (ако ви се верува):
1. Пронајдете ја песната која сакате да ја слушате денес
Пр. http://www.youtube.com/watch?v=mKWydA69o9E
2. Впишете repeat после youtube (http://www.youtuberepeat.com/watch?v=mKWydA69o9E) и кликнете Enter
3. Уживајте
извор: Мој Портал
автор: Jakimova Jasmina
Оваа вест е прочитана 2591 пати.
Додади коментар