Совети

Заштитете ја својата приватност од Google

11 февруари, 04:13

Дали некогаш сте се чувствувале како Google да ве прогонува?  Постојано го персонализира вашето пребарување, ви нуди реклами или ви нуди сугестии за пребарување.

Моменталната поврзаност на услугите на Google му овозможува да дојде до голем број на информации за вас, здравствени проблеми, хобија и интереси и сето тоа преку вашите претходни пребарувања.

Ова не е алармантно бидејќи Google овие информации ги користи за таргетирање на целни групи за своите маркетинг услуги. Сепак, доколку сакате да ја зачувате вашата приватност, еве неколку совети:

 

1. Избришете ја вашата Google search history (историја на пребарување).

Пристапете до линкот google.com/history и најавете се со вашата Google сметка.

Тука можете да ги погледнете сите ваши активности на Google. За да избришете некоја од ставките едноставно штиклирајте го полето за избор до ставката и кликнете Remove items. Или штиклирајте го копчето од левата страна на Remove items за да ги избришете сите ставки.

Иако Google нема навистина да ги избрише овие информации, сепак во следните 18 месеци нема да ги користи за таргетирање на групи за маркетинг цели или за персонализација на вашите пребарувања.

 

2. Друг начин е редовно да ја бришете историјата на вашиот прелистувач.

 

3. Посетете го линкот google.com/settings/ads и избришете ги информациите што Google ги складира врз основа на интернет страниците што ги посетувате. (Овде можеби ќе ја откриете причината зошто кога пребарувате со македонска поддршка ви нуди интернет страници на бугарски јазик).

 

4. Или едноставно користете ја опцијата Incognito на вашиот прелистувач. 


автор: Obednikovska Mirjana

Оваа вест е прочитана 3345 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус