Сплит

05 јули, 08:12

Најпознатиот хрватски град кој што излегува на море и најпознатата хрватска туристичка дестинација е Сплит.

Од година во година популарноста на овај туристички град расте. Туристите најмногу доаѓаат од Германија, Франција, Италија и од многу други земји.

Богатата историја со која располага овој град, многубројните музеи и галерии, големите пристаништа кои го прават најважен морепловски центар во Хрватска, песочните плажи, чистата морска вода, нека бидат доволни причини за ова лето да го посетите овај бисер на Јадранот. 

При посетата на Сплит задолжително треба да ги посетите:

•    Диклецијановата Палата – тоа е стара палата или тврдина кој се наоѓа во центарот на Сплит, изградена од римскиот император Диоклецијан по кој и го добила името.
•    Катедралата Св. Дујма
•    Сребрената врата
•    Златната врата
•    Плоштадот
•    Пристаништето и многу други историски знаменитости.

Верувајте ќе бидете воодушевени од архитектурата на градот.

Иако плажите се малку оддалечени од градот треба да ги посетите бидејќи нудат чувство на мир, тишина и на неповторливо доживување. 

Секако тука треба да се спомнат и двата најпознати острови Хвар и Брач (Бол). Се наоѓаат на 3 до 4 часа пловење со траект од Сплит.

Доколку одлучите ваша овогодинешна  летна туристичка дестинација да биде Сплит, со сите ваши сетила препуштете им се на убавините и доживувањата на овој град и околните острови. Верувајте нема да погрешите во вашиот избор.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4198 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус