Здравје, Природни лекови

Стар лек од лимон и лук

24 декември, 04:11

Тибетанците го користеле лимонот како лек уште пред 2000 години.

Токму од тогаш датира и овој древен лек од лимон и лук, пронајден меѓу записите во еден манастир на Тибет.

 

 

 

Лекот го чисти организмот, особено крвните садови, ги прави еластични и го намалува ризикот од излив. Се користи при висок холестерол, зголемени триглицериди, за превенција на срцев и мозочен удар, како и при ангина пекторис. Го подобрува видот и претставува одлична превенција, а и лек за рак.
Го штити и подмладува организмот, па се смета дека е одличен за долговечност.


Подготовка:
300 гр. лук
1 кг. лимони (заедно со лушпата)
1½ л. вода

Лимоните и лукот ситно се сечкаат (најдобро е да ги ставите во блендер или да ги сомелете со машина), се ставаат во зовриената вода и се варат најмногу 15 минути на тивок оган, во поклопен сад. Течноста се остава добро да се излади и се чува во затворен стаклен сад (тегла).

Како се користи:
Од течноста се пие наутро, пред појадок, на празен стомак. Дневната доза е 50 мл. во траење од 25 дена. Потоа се прави пауза од 10 дена, па доколку има потреба третманот се повторува со уште една доза. Паузата од 10 дена е задолжителна, како и дневната количина од 50 мл.

Доколку испиете две дози со пауза меѓу истите, лекот не се користи подолг временски период, освен ако дојде до влошување на здравствената состојба.

Оние кои немаат здравствени проблеми може да го користат за подобрување на општата здравствена состојба, чување на здравјето и долговечност. За таа намена лекот се користи 2 пати годишно, на секои шест месеци, повторно во траење од 25 дена по 50 мл. наутро.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 20277 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

11 август

11 август

Во 1999 година настанало потполно затемнување на Сонцето какво во Британија не било видено од 1927, а во Европа од 1990 година.

© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус