Животен стил, Кујна, Рецепти

Старинско слатко од капинки

11 септември, 06:05

Измиените и исчистени капинки се мерат, па на 1 килограм капинки се става 700 – 800 гр. шеќер.

Во тенџере се реди ред капинки, ред шеќер, додека не се потрошат. Се оставаат 24 часа, потоа се варат на тивок оган без мешање.

Слаткото се вари додека течноста малку не се згусни, а при крајот на варењето се додава малку лимонтус.

Доколку не сте сигурни дали течноста е згусната, извадете малку од слаткото во една тацна и оставете да се излади, па проценете ја густината.

Откако слаткото ќе се свари, тенџерето се покрива со влажна, убаво исцедена крпа и се остава потполно да се излади, потоа се собира во чисти и суви тегли.

Слаткото од капинки е многу вкусно и ароматично!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 12528 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус