Статии

Бесценети нешта кои не се купуваат со пари

27 декември, 09:06

Дали парите се преценети или навистина се неопходни за нормален и среќен живот?

Парите се потребни за многу нешта, без пари не можете да се нахраните, облечете, речиси сè околу нас е помалку или повеќе поврзано со пари, но за жал со парите ги поврзуваме и најважните нешта во животот.

Сепак, ако добро размислите, многу нешта не можат да се купат со пари. Ве потсетуваме само на дел од нив со цел да ве поттикнеме да гледате поинаку на животот и да не се грижите ако немате доволно пари. Сè додека имате храна, дом и семејство, животот може да биде убав, дури и кога сте сиромашни.

Еве што не може да се купи со пари:

Здравје – можете да купите лекови и да одите во најскапи болници, но парите не се гаранција дека ќе бидете здрави.

Љубов - за да сакате и да бидете сакани доволно е да го отворите срцето. Освен тоа, секогаш е подобро да ве сака една личност заради тоа што сте, отколку да ве сакаат многумина заради вашите пари.

Насмевка - насмевката на вашите најмили, насмевката на оној на кој сте му подале рака за поддршка, насмевката на соседите кога ќе си посакате добро утро или на случаен минувач кој ќе ви посака среќни празници, тоа не може да се купи со пари.

Пријатели- на вистинските пријатели не им е важно колку имате во џебот. Тие се тука за вас во секој момент, но не можете да ги купите, мора да ги заслужите.

Радост – најубавите моменти во животот, малите нешта кои нè прават среќни, смеата на децата, мирисот на јоргованот, тропкањето на врапчињата на прозорците... илјадници нешта кои знаат да нè израдуваат и да ни измамат насмевка, а не се купуваат со пари.

Тешко е да се живее кога мораш да внимаваш на секоја паричка, но оние кои имаат здравје, љубов, оние кои знаат да се радуваат и да споделуваат насмевки, оние кои имаат вистински пријатели, сите тие ги имаат највредните нешта во животот. И не само тоа, тие вистински го живеат животот.
Кога ќе се земе предвид фактот дека најважните нешта во животот не се купуваат со пари, изгледа дека парите се преценети и не се гаранција за среќа.
Не придавајте им голема важност на парите, побарајте ја среќата на друго место.
 
 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1925 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус