Статии

Цени го твоето време

20 јуни, 18:15

Времето е драгоцено. Минува за миг, часовникот не запира, а секој изминат момент никогаш повеќе нема да се врати.

Цени го твоето време, ќе помине како сон и не ќе можеш да го запреш.

Ако не си свесен за неговата вредност, тогаш запрашај ги оние кои научиле да го ценат.

 

За вредноста на една година ќе ти каже студентот кој не го положил последниот испит.

За вредноста на еден месец ќе ти кажат родителите на прерано роденото бебе.

За вредноста на една седмица ќе ти каже уредникот на неделен весник.

За вредноста на еден ден ќе ти каже работникот од чија дневница се прехранува бројното семејство.

За вредноста на еден час ќе ти кажат вљубените кои чекаат да се сретнат.

За вредноста на една минута ќе ти кажат оние кои го пропуштиле автобусот.

За вредноста на една секунда ќе ти кажат оние кои преживеале сообраќајна несреќа.

За вредноста на една стотинка ќе ти кажат оние кои освоиле сребро на Олимпијада.

Дали сега разбра колку е драгоцено твоето време?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2104 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус