Статии

Најубавите цитати од Ог Мандино

19 март, 01:28

Зборовите кои следат нема да ви кажат ништо ново, нема да ви откријат некоја голема тајна, нити пак ќе разрешат некоја мистерија. Тоа се само зборови кои ако не ги разберете и не ја примените пораката која ја носат, нема да направат никаква промена во вашиот живот.

Овие едноставни зборови доаѓаат од душата на Ог Мандино,  еден од најголемите писатели на литературни дела за самопомош, човек кој го допрел дното, за потоа храбро да се исправи на нозе и да постигне огромен успех и слава.

Зборовите кои следат имаат голема моќ да ве променат, да внесат нов квалитет во вашиот живот, да ве направат подобри луѓе. Не потценувајте ја нивната моќ и не отфрлајте ги пред да размислите. Некој ги искусил на своја кожа, пред да им ги пренесе на другите.

„Единствениот начин на кој можеш да успееш е да даваш повеќе и подобро отколку што од тебе се очекува, без оглед на задачата која ја имаш. Оваа навика ја негуваат сите успешни луѓе”.

„Добро е да имате пари и сите оние нешта кои може да се купат, но исто толку е добро понекогаш да застанете за миг и да се осигурате дека во трката за пари не сте ги изгубиле оние нешта кои не може да се купат”.

„Добрите мисли и добрите постапки никогаш нема да дадат лоши резултати”.

„Најмногу од сè цени ја љубовта која ја добиваш од другите. Таа љубов ќе остане со тебе долго откако твоето богатство и здравје ќе ги нема”.

„Ако одлучите, почнувајќи од утре, да вложите во својата работа многу повеќе отколку што сте платени за тоа, чуда ќе почнат да се случуваат во вашиот живот”.

„Кога ќе стигнете до теснец и сè ќе се сврти против вас, и кога ќе имате чувство дека не можете повеќе да издржите ни миг, не се предавајте. Токму тоа е периодот во вашиот живот кога ќе дојде до пресврт на нештата”.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4057 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус