Статии

Најубавите цитати од Пауло Коелјо

08 ноември, 06:54

Пишаниот збор секогаш отвора нови видици, нè носи во еден нов свет каде нема граници и препреки, нè подучува и збогатува.

Кога пишаниот збор доаѓа од перото на Пауло Коелјо, не само што ни се отвораат многу врати, туку зад секоја од тие врати се крие длабока мудрост преточена во навидум едноставни зборови.

 

 

Уживајте во извадоците од творештвото на Коелјо.

„Кога некој си заминува од твојот живот, тоа се случува бидејќи некој друг треба да пристигне”.
Захир

„Можеби Бог ја создал пустината за да можат луѓето да им се насмевнуваат на урмините палми”.
Алхемичарот

„Запомни, онаму каде што ти е срцето, таму ќе го најдеш своето богатство”.
Алхемичарот

„Ништо на светот не е потполно погрешно. Дури и расипаниот часовник покажува точно време два пати дневно”.
Брида

„Некои нешта во животот едноставно мора да се искусат и никогаш да не се објаснат. Љубовта е едно од тие нешта”.
Мактуб

„Никој не може некого да загуби, бидејќи никој од нас никого не поседува. Тоа е вистинското искусување на слободата: Да го имаш најважното нешто во светот, без да го поседуваш”.
Единаесет минути

„Јас сум како и сите други луѓе. На светот гледам онака како што сакам нештата да течат, а не онака како што навистина течат”.
Алхемичарот

„Секогаш треба да се знае кога завршува една етапа од животот. Ако упорно настојуваш да останеш подолго отколку што е потребно, ги губиш радоста и смислата на душевниот мир”.
Петтата гора

„Господ ги слуша молитвите на оние кои се молат за да ја заборават омразата. Но, тој е глув за оние кои сакаат да ја избегнат љубовта”.
Петтата гора

„Навечер, додека ти спиеше, често се шетав по улиците на Акбар и го слушав гласот на новороденчињата, песните на луѓето... Колку пати сум го видела сето тоа не забележувајќи колку е убаво? Колку пати сум го гледала небото без да ја доживеам неговата длабочина? Кај мене се роди огромна желба да живеам и го научив следното: Смислата на мојот живот е онаа што јас сакам да ѝ ја дадам”.
Петтата гора

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 8548 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Мај

19 Мај
Во 1962 година во САД, светски познатата пејачка Мерлин Монро, во чест на 45 - от роденден на тогашниот претседател Џорџ Кенеди, го испеа препевот на песната „Happy Birthday Mr. President”
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус