Статии

Денот кога бев среќен

05 јануари, 00:57

Во мојата улица живееше човек на чие лице можеше да се забележи и среќа и тага. Кај комшиите тој беше честа тема за разговор. Едноставно, тој беше среќен без оглед на лошите моменти кои ги беше доживеал некогаш во животот.

Кога навлезе во длабока старост, знаеше да седне во својот двор и кога некој ќе го прашаше што прави, велеше: „Се сеќавам на денот кога бев среќен.“ Овој нелогичен одговор не оставаше никого рамнодушен.

Денот кога почина, во неговата омилена книга беше пронајдено парче хартија на кое беше го опишал својот среќен ден:

„За мене тоа беше нешто што никогаш претходно не се сеќавам дека сум го доживеал, исполнет со среќа, љубов, игра, но и одвреме на време ќе пролеев некоја солза и ќе почувствував болка во градите. Кога сите се измешаа стануваа како колачот кој жена ми го прави, стотици нешта низ него, кои го правеа толку вкусен.

Како да кажам, како да ви опишам колку бев среќен?! Во само еден ден научив да играм детски игри, се радував на животот со моите родители кои ми помогнаа да се образувам, да се вработам, за на крај да се збогувам и да продолжам без нив. Научив да сакам едни кафеави очи кои ми подарија 5 прекрасни деца. Се радував, плачев, се восхитував, се плашев, се борев, собирав сили да станам. А сега, на крајот од денот кој траеше 81 година, јас се положив на рамката од прозорецот како беспомошен старец ,чекајќи ја полноќта.

Пред да заспијам, со разиграни раце како две немирни момчиња, слатко се мачам да ги испишам зборовите, да ви објаснам за мојот среќен ден. Ден кој моите деца сакам да го паметат како ден во кој јас живеев, ден кога ги прегрнував, ги заштитував и сакав.“

Старецот, верувајќи дека токму тоа што тој го доживеа е среќа, си изгради вечен спомен за човекот кој живееше убав ден.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1457 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

Стручњаците советуваат: Eсента е идеална за љубов

2019-09-30 05:34:28
Стручњаците советуваат: Eсента е идеална за љубов

Есента е период во кој лачењето на машкиот хормон тестостерон е највисоко, а со тоа се зголемува и машкото либидо.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

13 Декември

13 Декември

Во 1967 година роден е познатиот актер Jamie Foxx.

© 2019 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус