Статии
Големите едноставни мудрости на Далај Лама
Монахот Далај Лама кој ги поддржува Тибетанските монаси и се бори за нивните права, е еден од најмудрите живи духовни учители чии зборови зрачат со позитивност, едноставност и мудрост.
На некои луѓе им е дадена дарба да пренесуваат мудри пораки до луѓето кои ги имаат длабоко во нив, со цел да го олеснат и подобрат нивниот живот, па така и зборовите на Далај Лама ја имаат токму таа цел, да олеснат нечиј живот, да направат полесно и побрзо да се прифатат одредени нешта, да ја зголемат вербата и да учат на духовност.
Сѐ што од него е кажано како мудрост не кажува нешто ново и до сега неслушнато, туку напротив тоа се работи кои сите барем еднаш во животот сме ги слушнале но не сме им придале никакво значење, а токму сега е моментот за да размислиме подлабоко за зборовите кои следат и да ја разбереме суштинската порака која преку нив ни е наменета токму нам.
Па да започнеме, време е за размислување и за учење
- Кога ќе изгубите во некоја ситуација, немојте ни случајно да ја заборавите лекцијата која како поука треба да ја извлечете од таа ситуација.
- Запомнете дека не добивањето на тоа што сте го посакувале, понекогаш е прекрасна среќа.
- Убаво научете ги правилата за да можете да ги прекршите правилно кога ќе дојде време за тоа.
- Не дозволувајте мало недоразбирање да расипи големо пријателство.
- Кога ќе сфатите дека сте направиле грешка, преземете итни чекори за да ја поправите.
- Широко отворете ги вашите раце кон нови промени, но никако немојте да дозволите да исчезнат вредностите кои ги поседувате.
- Запомнете дека тишината понекогаш е најдобриот одговор.
- Живејте добар и чесен живот за кога ќе остарете да може да се навратите на спомените и повторно да уживате во нив по втор пат.
- При несогласувања со најблиските обратете внимание само на моменталната ситуација. Никако не мешајте го минатото.
- Мерете го својот успех по работите од кои што сте морале да се откажете за да го постигнете.
Додади коментар