Статии

Големите нешта

30 септември, 11:27

Следните неколку реченици нема да ви кажат ништо ново, ништо што досега не сте го знаеле. Само ќе ве потсетат на малите големи нешта во животот, на неколку едноставни, но толку силни вистини.

Запомнете ги, применете ги, збогатете го својот живот, направете го вреден за живеење.

 

 

Запомнете  дека:

Да бидеш добар и љубезен е многу подобро отколку да бидеш во право.

Кога некој ќе ми каже „Ми го разубави денот”, токму во тој посебен момент и мојот ден е разубавен.

Понекогаш сè што му треба на човекот е рака која го држи и срце кое го разбира.

Под сечиј тврд и груб оклоп се крие човечко суштество кое сака да биде ценето и сакано.

Љубовта ги лечи сите рани многу подобро од времето.

Секој што ќе го сретнеш заслужува да биде поздравен со искрена насмевка.

Малите секојдневни моменти на среќа се токму оние големи нешта поради кои вреди да се живее.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2098 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Мај

19 Мај
Во 1962 година во САД, светски познатата пејачка Мерлин Монро, во чест на 45 - от роденден на тогашниот претседател Џорџ Кенеди, го испеа препевот на песната „Happy Birthday Mr. President”
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус