Статии

Магијата на Велигден

11 април, 00:04

Велигден е денот кога љубовта плати висока цена за надежта да стане реалност.

Токму тоа е значењето на Велигден, големиот христијански празник, денот кој се слави во чест на воскресението на Исус како сведоштво дека надежта и љубовта сè уште постојат на овој свет.

Суштината на Велигден не е во трпезата богата со најразновидни колачи, туку во нашата подготвеност да ги поделиме колачите со другите, но и да научиме тоа да го правиме секој ден, до крајот на животот.

Суштината на Велигден е да веруваме, да не губиме надеж, да бидеме љубов, да простуваме...

Во пресрет на Велигден нека ве понесе добрата мисла преку нашите Велигденски честитки наменети само за вас.

„Велигден нека Ви донесе нова надеж, среќа, напредок и радост, а Божјата милост секогаш нека биде со вас”.

„Најубавите благослови нека ве допрат на овој ден и нека ви ја исполнат душата со радост и задоволство”.

„Ангелите нека те штитат,
Тагата нека заборави на тебе,
Љубовта Божја нека те прати,
А секое твое добро дело
Како благослов нека ти се врати!”

„Надежта нека ти затропа на врата,
Љубовта душа нека ти згрее,
Радост во очите нека ти блесне,
А срцето твое на цел глас нека пее”.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 7972 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус