Статии

Моќта на насмевката

12 септември, 06:22

Насмевката има чудесна моќ. Таа е зрак светлина во темнината, лек за болката, вода за жедта. Насмевката ја топли душата, охрабрува и разубавува. Не штедете ја вашата насмевка. Подарете ја несебично, секој ден и секому кому му е потребна.

Никогаш не знаете колку некому ќе му значи една обична насмевка, ни кога токму вам ќе ви биде потребна.

Искрената насмевка е како невидлива рака подадена кон оној на кого му треба утеха, охрабрување, разбирање. Таа кажува повеќе од илјада зборови и има моќ некому да му го разубави денот, да му помогне, да му каже дека е вреден, дека не е сам...

Никој не е толку сиромашен, уморен или несреќен за да не може да подари една насмевка.

Подаривте ли денес некому насмевка?


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3398 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус