Статии

Големите мудрости на Лао Це

26 мај, 00:04

Лао Це е еден од најголемите древни кинески мудреци.

Неговото име значи Стар учител, а Лао Це бил токму тоа, учител кој им го покажувал патот на оние кои сакале да научат како треба да се живее животот.

Неговата мудрост, пренесена преку кратки и едноставни мисли, и денес може да ни послужи како патоказ кон исполнет и среќен живот.


„Природата не брза, сепак стигнува сè да направи”.
Сте размислиле ли некогаш за ова? Во природата сè си тече по својот природен, бавен тек. Дрвата, тревата, цветовите..., сè си расте полека и во своето време. Зошто тогаш ние постојано брзаме некаде и се обидуваме да го нарушиме природниот тек на нештата?

„Кога вистинскиот лидер ќе ја заврши својата работа, народот вели: Ова е наше дело”.
Според Лао Це, вистински водач на народот не е оној кој постојано ќе ги потсетува другите дека е лидер, туку оној кој ќе го поттикне и инспирира народот да го извлече најдоброто од себе, оној кој ќе придонесе сите да се чувствуваат корисни.

„Пред мирниот ум се предава цел универзум”.
Мирниот ум е исчистен од негативни, неважни мисли, тоа е тивок ум кој знае што е навистина важно. Колку многу значи да имаш мирен ум ќе ви кажат оние кои успеале да го смират својот, најчесто преку медитација.

„Тешките задачи изврши ги додека се лесни, големите нешта прави ги додека се мали. Патувањето од илјада милји мора да започне со еден мал чекор”.
Не плашете се од она што треба да го направите. Започнете со мал чекор, направете уште еден, па уште еден... Ако имате верба, трпение и мирен ум, ништо не е невозможно.

„Музиката во душата може да ја слушне цел универзум”.
Вашите мисли имаат моќ да привлечат енергија, позитивна или негативна. Ако мислата ви е добра, душата распеана и спокојна, позитивната енергија од универзумот лесно ќе дојде до вас.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3636 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус