Статии

Зборовите на Махатма Ганди – клуч до мудроста

11 јуни, 08:54

„Во светот има луѓе кои се толку многу гладни, што Бог не може да им се прикаже на друг начин, освен во форма на леб”.

Сте размислувале ли некогаш на овој начин? Она што за нас е обично секојдневие, за некои има значење на Бог.

Она што ние не го цениме и не му придаваме никаква важност, за многумина е свето и бесценето.

 

Мудростите на Махатма Ганди се инспирација за милиони луѓе кои полека стануваат свесни за погрешниот пат по кој се движи човештвото.
„Ти мора да бидеш промената која сакаш да ја видиш во светот”.

Неисцрпната мудрост на Ганди нека ви го осветли патот и нека ве поттикне промената на светот да започне токму од вас. Секое големо патување започнува со мали чекори. Кога барем малкумина од нас би се решиле да тргнат на пат кој значи добрина, хуманост и духовност, светот ќе биде огреан од еден мал, но толку важен зрак светлина кој на сите ни е толку многу потребен.

Отворете го срцето за големите мудрости на Ганди. Не дозволувајте светот да стане слеп, а среќата да нè одминува.

„Ако се однесуваме по принципот на Око за око, еден ден светот ќе остане слеп”.
„Онаму каде што има љубов, има и живот”
„Она што им го правиме на шумите е рефлексија на она што си го правиме самите себеси и еден на друг”.
„Среќа е кога она што го мислиш, она што го зборуваш и она што го правиш се во совршена хармонија”.
„Слабите никогаш не простуваат. Простувањето е атрибут на силните личности”.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4937 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус