Статии

Најубавите цитати од Стив Џобс

27 април, 11:14

Еден од најголемите визионери и иноватори на современиот свет зад себе остави инспирација за милиони луѓе ширум светот.

Неговиот поглед на животот и храброста да ги следи своето срце и интуиција дури и во ситуации кога никој друг не би се осмелил на такво нешто, му донесоа огромен успех, но и живот вреден за живеење.

Неговиот исполнет живот се темели токму на храброста да се бори за своите визии и да се подигне секогаш кога животот ќе го турне на колена.

Ова се дел од најубавите цитати на Џобс кои најдобро го отсликуваат неговиот поглед на животот и неговиот однос кон работата.

„Твојата работа ќе исполни голем дел од твојот живот, и единствениот начин да бидеш задоволен е да го правиш она за што веруваш дека е добра работа. А единствениот начин да се занимаваш со добра работа е да го сакаш она што го работиш. Ако сè уште не си ја нашол таквата работа, продолжи да бараш. Не застанувај”.

„Ако изработуваш мебел и работиш на убава комода, нема да ставиш оштетено парче на задната страна, иако тој дел од комодата никој не го гледа. Ти ќе знаеш дека е таму, затоа ќе ставиш здраво и убаво парче дрво”.

„Секое утро во изминатите 33 години се погледнував во огледало и се прашував себеси: Ако денес беше последниот ден од мојот живот, дали ќе сакав да го правам она што денес ќе го правам? Секогаш кога одговорот беше „Не” повеќе дена по ред, знаев дека треба нешто да променам во мојот живот”.

„Потсетувањето дека еден ден ќе умрам е најважното нешто кое ми помогна да направам големи избори во животот, бидејќи речиси сè – сите очекувања, целата гордост, целиот страв од неуспех, сè исчезнува кога ќе се соочиш со смртта. Во тој момент останува само она што е важно. Сознанието дека еден ден ќе умреш е најдобриот начин да престанеш да размислуваш дека можеш нешто да загубиш. Нема причина да не го следиш своето срце... ”

„Многу е позабавно да бидеш пират, отколку да ѝ се придружиш на морнарицата”.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 8272 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус