Статии

Најубавите цитати од Мајка Тереза

09 септември, 06:50

Нејзините зборови нема да ни кажат ништо ново, ништо што досега не сме го слушнале. Тие се едноставни, токму како и нејзиниот живот, но моќни исто колку и нејзините дела.

Нејзините зборови нема да нè научат, само ќе нè потсетат на она што веќе го знаеме, но во трката на животот го забораваме и не му придаваме важност.

Нејзините зборови останале за да мотивираат, да поттикнуваат и да повикаат на добрина, човечност и хуманост, зошто на крајот од патот единствено тоа ќе биде важно. Кога еден ден ќе погледнеме зад себе, човечноста е она што ќе ни измами насмевка, не куќата која сме ја изградиле, ни богатството кое сме го стекнале.

Ова се нејзините зборови...

„Ајде секогаш да се среќаваме со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубовта”.

„Верувај во малите нешта, бидејќи токму во нив лежи твојата сила”.

„Љубовта започнува од домот, и не е важно колку правиме, туку колку љубов внесуваме во она што го правиме”.

„Шири ја љубовта секаде каде што одиш. Кога некој ќе дојде кај тебе, нека си замине посреќен отколку што дошол”.

„Да бидеш непосакуван, незгрижен, заборавен од сите..., тоа значи да бидеш погладен и посиромашен од оној кој нема што да јаде”.

„Мирот се раѓа од насмевката”.

„Ако не можеш да нахраниш 100 луѓе, нахрани барем една личност”.

„Секој од нас чувствува дека она што го прави е само една капка во океанот. Но ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка”.

„Никогаш нема да бидеме свесни за тоа колку добри нешта може да направи една обична насмевка”.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 16579 пати.

Коментари [1]

Крушево

многу убаво

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус