Статии

Научив дека...

21 јануари, 06:26

Прочитајте и размислете. Можеби и вие нешто ќе научите, или пак ќе најдете нешто што сте го знаеле, само ви било потребно мало потсетување за да го прифатите и примените.

„Научив дека” е статија посветена на вистината, на нештата кои едноставно се такви какви што се, претставуваат неразделен дел од животот и нè учат како да бидеме подобри луѓе.

 

Научив дека...

Луѓето простуваат за она што сме го рекле, забораваат на она што сме го направиле, но никогаш нема да заборават како се чувствувале поради некоја наша постапка.

Пофалниците на ѕидот не нè прават достојни човечки суштества. Потребно е многу повеќе од пофалници.

Две човечки суштества може да гледаат во потполно истото нешто, а да видат сосема различни работи.

Не е секогаш доволно другите да ни простат. Понекогаш треба да научиме сами да си простиме.

Хероите се луѓе кои го прават она што мора да се направи, токму тогаш кога е неопходно, без оглед на последиците.

Или ти ќе го контролираш твоето однесување, или тоа ќе те контролира тебе.

Саканите секогаш треба да ги оставиме со убави зборови, зошто можеби токму тогаш ги гледаме за последен пат.

Колку и да имаме добри и вистински пријатели, понекогаш ќе нè повредат, а ние треба да им простиме.

Научивте ли вие нешто?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2300 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус