Статии

4 позитивни мисли кои ќе ве движат напред

18 септември, 09:37

Некои зборови имаат моќ да дадат сила и оптимизам во секоја ситуација.

Позитивното размислување секогаш дава позитивни резултати, гради мост над препреките и ве придвижува напред, без оглед на тежината на ситуацијата во која се наоѓате.

Започнете го денот со дневна доза позитивни мисли и не застанувајте!

Потребна ви е само верба, малку сила и позитивен дух за да се движите низ животот со крената глава.

Јас не сум производ на околностите. Јас сум производ на моите одлуки.
Секогаш може да им се покорите на околностите и да дозволите да ви го диктираат денот, а со тоа и животот. Храброста да им се спротивставите и да донесете одлуки кои ќе им пркосат на околностите е најдобриот начин да живеете квалитетен живот. Изберете среќа наместо тага, изберете да го дадете најдоброто од себе без оглед на ситуацијата, изберете да бидете господар на својот живот, и среќата ќе ве избере да ѝ бидете сопатник.

Верувај дека можеш и веќе си поминал половина пат.
Вербата е еден од најмоќните двигатели. Патот до среќата и успехот никогаш не е лесен, но ако на тој пат сопатник ви е вербата, ќе го минете многу полесно. Никогаш, никогаш не губете верба во себе и своите способности. Дури и најтемниот ден може да биде убав ако го пронајдете сонцето во себе.

Кога ќе ја избереш надежта, сè е возможно.
Надежта ја има истата моќ како и вербата. Никогаш не губете ја, бидејќи надежта е таа која го осветлува крајот на тунелот и не дозволува да се загубите во лавиринтот на животот.

Не се стреми кон успех, туку кон човечки вредности.
Трката за успех во материјална смисла не е никаква гаранција за вистинска среќа. Човечките вредности се оние кои му даваат смисла на животот. Стремежот да се биде човечен, да се работи на себе и својот карактер, да се живее достоинствено и несебично да им се помага на другите е вистинскиот пат до среќата. Алберт Ајнштајн, еден од најголемите умови на човештвото, смислата на животот ја открил само со една реченица „Единствено живот проживеан за другите е живот вреден за живеење”.
Ако оваа мисла ви стане водилка, тогаш сте ја разбрале вистинската причина зошто сте дојдени на овој свет.

Секој нов ден е нов предизвик. Никогаш не знаеме што може да ни донесе, но секогаш може да го пречекаме со отворено срце, верба, надеж и стремеж да го живееме најдобро што можеме.

Мисли позитивно, живеј квалитетно!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 13121 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус