Статии
Треба да престанете да ...
1. Престанете да се инаетите - Инаетот ја блокира среќата.
2. Престанете да кукате - Наместо цело време да се жалите, времето и енергијата кои ги трошите за тоа, искористете ги да се поправите по однос на тоа прашање.
3. Престанете да мислите на она кое не сакате да го кажете - Наместо тоа комуницирајте редовно и ефективно со вашите пријатели и блиски луѓе.
4. Не сте центар на светот - Земјата се врти околу својата оска а не околу вас. Размислете на кратко за да ја разберете суштината на оваа вистина.
5. Престанете да лажете - Гледано долгорочно вистината секогаш излегува на виделина.
6. Престанете да ги обвинувате другите - Со обвинување на другите не постигнувате ништо. Или вие владеете со вашите проблеми, или тие владеат со вас. Како ќе се одвиваат работите по тоа прашање е ваш избор. Но ако ги обвинувате другите за нешто низ кое вие минувате, вие ја негирате сопствената одговорност, се одрекувате од сопственото влијание кое го имате над тие делови од животот, а во тој процес ги мешате и останатите луѓе.
7. Престанете да се сомневате - Ако мислите дека нешто не можете да постигнете, добрата вест за вас е дека навистина не можете да го постигнете тоа. Но во такви ситуации не дозволувајте вашиот сомнеж да влијае врз остварување на соништата на останатите луѓе. И запомнете, оној кој кажува дека нешто не може да се направи не би требало да им влијае на оние кои се обидуваат тоа да го направат.
8. Престанете да ги коригирате другите - Поправањето на туѓите грешки кога некој навистина не е во право е една работа, но честото наметнување на вашето мислење, навистина е непримерно и некултурно.
9. Не бидете себични - Секогаш ќе добиете онолку колку што претходно сте дале. Ни помалку ни повеќе.
10. Престанете да ги осудувате другите - Секој од нас води сопствена борба. Немате ни малку поим низ што поминуваат другите, како што ни тие немаат поим низ што вие поминувате во животот.
Додади коментар