Сте слушнале ли за Ангелскиот водопад - највисокиот водопад во светот?
Во 1933 година благодарение на големиот авантурист и акробатски пилот Џејмс Ангел луѓето во светот дознаа дека во Боливар - град која се наоѓа во Венецуела, се наоѓа највисокиот водопад.
Ангелскиот водопад кој името го добил по неговиот пронаоѓач, е висок цели 979 метри.
Замислете само колку величествена сила и моќ би се доживеала од високиот пад на водата кога би се нашле на ова неверојатно место.
Само колку за информација овој водопад е подолг за цели 15 пати од светски познатите водопади на Нијагара чија должина изнесува 52 метри.
Тоа што само една река е заслужна за формирањето на ова неверојатно природно здание - реката Чурун, не го прави овој водопад помалку интересен од Нијагарините водопади кои се формирани со слевање на повеќе реки.
Ако годината е многу влажна и има повеќе дождови и Ангелскиот водопад знае да биде богат со вода и да изгледа уште поспектакуларно, а ако водостојот на реката Чурун е понизок и ако дуваат многу силни ветрови тогаш се случува водата од водопадот да се претвори во облак од ситни водени капки кои се распространуваат насекаде, а многу често поради честите сушни периоди се случува ниту една капка од водопадот да не падне на земјата.
На фотографиите погледнете само колку е прекрасен и неверојатен овој водопад и уживајте во неговата едноставност и убавина.
Додади коментар