Мој предлог, Каде на одмор...

Сте слушнале ли за Сејшелските острови?

20 август, 13:05

Дали некогаш сте сонувале за одмор кој ќе ги задоволи сите ваши вкусови и ќе ги исполни сите ваши желби, замисли и идеи?

Одморот на Сејшелските Острови е токму таков одмор, бидејќи ќе ви понуди сѐ што можете и не можете да си замислите дека постои на оваа планета.

Овие острови кои изобилуваат со неверојатно убави плажи, се наоѓаат во Индискиот Океан на 1.500 километри источна оддалеченост од Африканскиот континент и североисточно од Мадагаскар.

Сејшелските Острови кои ги има околу 115 на број распространети низ Индискиот Океан, зафаќаат површина од 455 километри квадратни и претставуваат едни од најубавите архипелази на светот.

Изолираноста на островите од останатиот свет, како и незнаењето на нивното постоење, овозможиле развој на уникатни видови на животински и растителен свет кои ги има само тука и на ниту едно друго место на планетата.

Просечната температура од 29°Ц е повеќе од пријатна за вашиот летен одмор. Таа е нешто повисока во периодот помеѓу октомври и мај, но сепак се движи во рамките на некои нормални температури. 

На Сејшелските Острови живеат околу 80.000 луѓе кои имаат африканско, европско и азиско потекло.
Најголем дел од овој број на жители се сместени во внатрешните острови Mahe, Praslin и La Dig.
На овие острови се зборува претежно англискиот и францускиот јазик, па така комуникацијата со локалните жители е многу лесна.

Основна храна која е традиционална за овие острови и која ги задоволува сите вкусови бидејќи се подготвува на посебен начин е риба, ориз, овошје, компир и многу зеленчук.

Интересна и корисна е информацијата која кажува дека на овие острови не постојат никакви тропски болести ниту пак маларија, болести кои за жал ги има на многу други острови.

Главен град е Викторија кој се наоѓа во внатрешноста на островот Mahe на кој живее скоро 90% од целокупната популација. На овој внатрешен остров има дури 75 прекрасни плажи кои изобилуваат со чиста тиркизна боја и неверојатно бел песок.

И другите внатрешни острови нудат голем број на недопрени убавини и прекрасни плажи. Сите заедно претставуваат еден вид „рај” кој овде на земјата се наоѓа токму на Сејшелските Острови.

Доколку имате можност не пропуштајте ја шансата да ги посетите овие како од Бог исцртани острови и убавини, пружете си задоволство кое долго ќе остане врежано во вашиот ум и секогаш ќе ви предизвикува чувство на убавина, исполнетост и радост.

А сега е време за прошетка преку фотографии низ овие прекрасни острови.

Уживајтеи вие како нас во прекрасните плажи и недопрената убавина! 

Sejselskite ostrovi, Сејшелските острови, Сејшели, Sejseli

Sejselskite ostrovi, Сејшелските острови, Сејшели, Sejseli

Sejselskite ostrovi, Сејшелските острови, Сејшели, Sejseli

Sejselskite ostrovi, Сејшелските острови, Сејшели, Sejseli

Sejselskite ostrovi, Сејшелските острови, Сејшели, Sejseli

Sejselskite ostrovi, Сејшелските острови, Сејшели, Sejseli

Sejselskite ostrovi, Сејшелските острови, Сејшели, Sejseli

Sejselskite ostrovi, Сејшелските острови, Сејшели, Sejseli

Sejselskite ostrovi, Сејшелските острови, Сејшели, Sejseli

Sejselskite ostrovi, Сејшелските острови, Сејшели, Sejseli

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4834 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус