Здравје, Здрави навики

Стекнете навика за пиење чај!

31 јануари, 00:03

Правилното и редовно консумирање на чај има многу позитивни ефекти врз организмот.

Чајот не само што помага побрзо да се справиме со некоја болест или настинка, туку помага да го зачуваме и нашето ментално здравје.

Научниците докажаа дека со консумирање од една до три шолји чај дневно, се забавува менталното стареење.

Ова важи и за мажите и за жените, бидејќи испитувањата кои биле вршени на нив и резултатите кои притоа биле добиени се покажале успешни кај двата пола.

Со пиењето на чај се подобрува меморијата и се подобрува размислувањето, мозокот бистро и јасно функционира при што се донесуваат правилни и точни одлуки.

Чајот исто така го штити мозокот од отрови, не им дозволува да допрат до него, со што се намалуваат шансите за заболување од Алцхајмерова болест.

Во иднина немојте да чекате да настините или да се разболите за да посегнете по чајот, направете го тоа веднаш.

Наутро немојте да бидете во дилема дали да се напиете чај или кафе за да се расоните, секако посегнете по чајот и уживајте во неговите благодати.

Потрудете се пиењето чај да стане ваша секојдневна навика.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3132 пати.

Коментари [2]

Anastas

Ako moze da dodadete opcija za pecatenje na ovie korisno soveti, kako bi gi imale vo sekoj moment Blagodaram

mojportal.mk

Здраво Анастас, ти благодариме за предлогот, наскоро ќе ја имаме и таа можност на порталот. Поздрав :)

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус