Животен стил, Живеј квалитетно

Што да правите додека да најдете работа

09 август, 06:25

Периодот кога сте без работа може да го искористите на многу паметен начин.

Не само што нема да се досадувате, туку и ќе ги подобрите вашите вештини и способности, а и ќе се чувствувате исполнето.

 

 

 

Што да правите додека најдете работа?
Изберете некој од нашите предлози, или уште подобро, направете комбинација од сите предлози.

Учете нови нешта
Ова е одличен начин невработените да се чувствуваат исполнето и ангажирано. Учете јазици, подобрете ги вашите компјутерски вештини и учете брзо пишување на компјутер. Оваа вештина и тоа како е потребна и може да ви помогне полесно да најдете работа. Освежете го и збогатете го вашето познавање на англискиот јазик, гледајте филмови без превод, учете нови зборови и изрази. Владеењето со некој странски јазик секогаш е предност при вработувањето.

Волонтирање
Има многу организации кои бараат волонтери. Изберете ја онаа чија дејност ве интересира и пријавете се за волонтирање. Ќе се чувствувате корисно, ќе стекнете нови познанства и искуства и секогаш ќе учите нешто ново.

Читајте
Добрите книги со квалитетна содржина секогаш се одличен начин да ја подобрите меморијата и креативноста. Читањето опушта, но истовремено и ги развива квалитетите на личноста.

Работете на вашите таленти
Можеби имате дарба за јазици, за сликање, правење колачи, декорирање..., но никогаш не сте нашле време целосно да се посветите на она што го носите во себе како талент. Размислете за нештата кои ве исполнуваат и уживате да ги правите и посветете им внимание. Развивајте ги вашите таленти бидејќи никогаш не знаете кога некоја вештина ќе ви биде потребна во животот.

Дружете се
Периодот додека барате работа е одлична можност слободното време да го искористите за дружење, да ги обновите старите пријателства и да ширите нови. Колку повеќе сте во допир со други луѓе, толку поголеми се шансите да најдете работа. Никој нема да ви затропа на врата и да ви понуди работа.


Фатете се за работа и правете нешто корисно и паметно. Никој нема да ви плати, но градењето на вашата личност, задоволството и исполнетоста ќе ви бидат доволна награда за трудот.

И не заборавајте, она што ќе го научите, еден ден сигурно ќе ви се најде во животот.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2038 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус