Што е љубов а што е брак?

20 октомври, 00:03

Еден ден Платон го прашал својот учител:
- Што е љубовта? Како можам да ја пронајдам?
Учителот му одговорил:
- Пред тебе има огромно поле со пченица. Тргни низ полето и без да се вртиш или да се враќаш назад, скини едно пченично стебленце. Ако го пронајдеш најубавото стебленце - тогаш си ја пронашол љубовта.
Платон тргнал напред низ полето и за многу кратко време се вратил но со празни раце, бидејќи не скинал ниту едно пченично стебленце. Учителот кога го видел го прашал:
- Зошто не скина ниту едно стебленце, што се случи?
Платон одговорил:
- Бидејќи морав да одберам само едно, а не можев да се вратам назад. Го пронајдов најубавото стебленце, но не знаев дали понатаму во полето има други поубави стебленца, па поради тоа не го скинав. Како што одев понатаму забележав дека стебленцата на кои наидував не беа убави како претходното, така да на крајот на скинав ниту едно.
На тоа учителот му рекол:
- Ете тоа е љубовта.

Наредниот ден Платон го прашал својот учител:
- Што е бракот? Како можам да го пронајдам?
Учителот му одговорил:
- Пред тебе има многу густа шума. Тргни низ неа, не се врти и не се враќај назад и исечи само едно дрво. Ако го пронајдеш највисокото дрво, тогаш си го пронашол бракот.
Платон тргнал напред низ густата шума и после кратко време се вратил со дрво во рацете. Дрвото не било ниту убаво ниту високо. Било само обично дрво.
Учителот кога го забележал го прашал:
- Зошто исече едно обично дрво, што се случи?
Платон одговорил:
- Поради моето претходно искуство. Отидов само до половина шума. Овој пат кога го забележав дрвото кое го секов си реков дека не е толку лошо, си реков добро е, па поради тоа го исеков и го донесов овде. Едноставно не сакав да ја пропуштам приликата која ми се укажа.
Учителот тогаш му рекол:
- Ете сега дозна и што е бракот.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3213 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус