Што е потребно за да се отвори голема врата?

27 август, 12:29

Царот сакајќи да ги тестира неговите дворјани, одлучил од нив да побара помош. Ги собрал сите моќни, мудри и учени луѓе и им рекол:

- Нешто се мислам и ме интересира кој од вас ќе може да ми помогне.

Потоа сите луѓе ги одвел до една огромна врата и повторно им рекол:

- Оваа е најголемата и најтешката врата во моето царство. Може ли некој од вас да ја отвори?

Поголемиот дел од присутните штом ја виделе вратата веднаш почнале да одмавнуваат со главите.
Малиот број дворјани кои ги сметале за мудреци почнале од блиску да ја загледуваат вратата, ја допирале, пресметувале, но на крајот сите признале дека не знаат како да ја отворат вратата.

На големо изненадување на сите, од големата толпа луѓе излегол еден дворјанин кој дошол до вратата. Почнал да ја разгледува, да ја допира и да ја турка. Наеднаш со сета сила ја повлекол вратата и таа се отворила.

Вратата всушност била заглавена но не била заклучена.
За да ја отвори вратата на дворјанинот му била потребна само самодоверба и цврсто верување дека ќе успее во намерата токму пред царот, што и навистина се случило.
Царот кога забележал што младиот дворјанин направил му рекол:

- Ти ќе бидеш мој советник во царството бидејќи не се потпре само на она што го гледаше, туку се осуди да направиш нешто што на почетокот на скоро сите им изгледаше невозможно.


Така е и во нашите животи: многу врати се заглавени и поради тоа не се осудуваме да запнеме за да ги отвориме. Се плашиме од можниот неуспех. Но за да успееме треба да се соочиме со ваквите ситуации, треба да бидеме храбри и да не се плашиме од она што може да не чека зад затворените врати.
Треба да пробаме ако сакаме да напредуваме.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2581 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус